Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за зголемени инвестиции во образованието и што ќе значи тоа конкретно за образовната заедница, изјави:
„Во науката, исто така покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување. Сега е некаде околу 770 милиони денари годишно, поддршка за нашите научници, истражувачи. Но, не е само тоа, како Влада исто така овозможивме бесплатен достап до две научни бази на часописи, тоа се „Веб оф сајанс“ и „Скопус“ коишто исто така се за прв пат обезбедени од страна на Владата, да бидат со бесплатен достап за да можат научниците, истражувачите да ги користат кога создаваат свои научни трудови. Така што апсолутно продолжуваме да вложуваме и во науката и тоа е наш прв приоритет.“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Сериозно работиме на брзата пруга, беа понудени 9 рути, ја прифативме најдобрата
Николоски: Тивко и со многу работа го затвoраме проблемот за македонските транспортери. Со Хрватска го решивме, при крај сме со Романија, ја почнавме постапката со Австрија
Лефков: Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ, Фатмир Бесими во одбрана на Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’