Соопштение за јавност
Стравот што го продава власта е лажен, бидејќи Европската Унија не го загрозува македонскиот идентитет, моето мислење е дека нема желба да се оди напред во Европа за да продолжат со корупцијата и ништо друго, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“. Филипче посочи дека уставните измени не го загрозуваат македонскиот идентитет, јазик и култура.
„Нема ниту една одредница идентитетска која што е загрозена со следниот чекор кој што треба да се направи, а тоа се уставните измени. Еве нека кажат, како внесувањето на малцинството во Уставот го загрозува нашиот идентитет или нешто, било што, што утре е навистина ризик. Владата треба да каже што е тоа од што ние се плашиме.Моето мислење е дека нема желба да се оди напред во Европа за да се продолжи со корупцијата и ништо друго. Ама буквално ништо друго“, рече Филипче.
Тој додаде дека единствената причина за блокираниот европскиот процес е одбивањето од страна на власта да се прифати решението кое што веќе е на маса.
„Тоа е моето мислење, а како го аргументирам? Поради тоа што не кажуваат од што се плашат. Од документот кој што е на маса? Кој што денес, ако се случи, ние утре ги отвораме преговорите. Ќе има меѓувладина седница и продолжуваме. Може ќе ја стигнеме Црна Гора во 2028 година, со овој мандат на Фон дер Лајен да бидеме земја членка на Европската Унија. Ако продолжевме по тој пат кој што запревме во 2022 година, кога се блокираше процесот во Собранието, сега можеби и за нас ќе беше веќе напишан договор за членство во ЕУ“, рече Филипче.
Во обраќањето, Филипче нагласи дека без европската интеграција нема да има суштински реформи, прогрес и финансиска поддршка за државата.
„Реформа на нашата држава, вистинска по сектори, прогрес, грантови, неповратни средства нема да има ако Европа не се случи“, рече Филипче.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Сериозно работиме на брзата пруга, беа понудени 9 рути, ја прифативме најдобрата
Николоски: Тивко и со многу работа го затвoраме проблемот за македонските транспортери. Со Хрватска го решивме, при крај сме со Романија, ја почнавме постапката со Австрија
Лефков: Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ, Фатмир Бесими во одбрана на Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’