БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лефков: Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ, Фатмир Бесими во одбрана на Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од партиското седиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков зборуваше за состојбите во судството.

Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’ вреден 167 милиони евра.

Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно Али Ахмети и неговите партнери. Наместо да побараат детална истрага за овој случај кој е најголем во историјата од финансиски аспект, тие ги штитат пулените на ДУИ, молчат и седат на страна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со оваа потпора од страна на Советот на јавни обвинители, предводен од Башким Бесими, обвинители како Абази и Коларевиќ ќе бидат сликата на нашето правосудство. Компромитирани со лични и семејни врски со политичките партии СДС и ДУИ, кои ќе носат амнестија на осомничените уште пред да се најде во судска постапка одреден случај. Затоа и довербата во правосудните органи ќе биде и под 2%.

Абази и Коларевиќ, кои се ставија на услуга на СДС и ДУИ, за да ги заштитат Васко Ковачевски, Асмир Јахоски и останатите осомничени, за кои целата јавност виде перење на пари, труење на народот и местење на тендери, за што има и докази поднесени од МВР, извештај од ДЗР, како и јавни сведоштва за тоа како биле правени јавните набавки за да може само една фирма да учествува на тендерот, само обвинителската коалиција на Абази и Коларевиќ не виде ништо, затоа што така им било кажано од Ахмети, Заев и Филипче.

Бараме оставка од Абази и ревизија на целиот случај. Ваков епски криминал не смее да  биде оставен под тепих, само затоа што осомничените се блиски до партиите СДС и ДУИ.

-рече денеска на прес конференција Миле Лефков- пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace