БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Митко Јанчев смета дека неговото разрешување од Потпретседателската ф-ја е направено непрофесионално и очекувал благодарност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Низ внатре партиските турбуленции и превирања еден од најпогодените се најде и Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој беше разрешен од ф-јата Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, која што ја извршуваше од конституирањето на новиот Извршен Комитет по превземањето на лидерското место на партијата од страна на Христијан Мицкоски.

Во таа пригода во текот на вчерашниот ден Митко Јанчев се обрати со свое лично соопштение во врска со неговото разрешување:

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ но и лично како индивидуа.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски навчерашниот ЦК даде предлог за мое разрешување од функцијата потпретседател. Како лидер на најголемата политичка партија во Република Македонија му доликува разрешувањето од функцијата потпретседател да го води крајно професионално па дури и да упати благодарност до мене за моите досегашни вложувања во партијата, но уште поважно да ја почитува функцијата Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО  ДПМНЕ која од досега сработеното носи само успех најмногу за Општина Кавадарци но и за ВМРО-ДПМНЕ.

-напиша Митко Јанчев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение на својата објава довчерашниот Потпретседател во ВМРО-ДПМНЕ се закани и со приватна тужба за клевета против неговиот колега Александар Николоски кој заедно со Јанчев и Владо Мисајлоски е третиот Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната прес-конференција од г-дин Александар Николовски кон мене беа упатени ниски и агресивни обвинувања за закани, поткуп и криминал, рамо до рамо со Сашо Мијалков.
Поради ваквите неосновани и крајно непрофесионални навреди од страна на Христијан Мицковски и Александар Николовски кои се обидуваат да го нарушат мојот авторитет, барам јавно извинување и од г-дин Христијан Мицковски и од г-дин Александар Николовски. Во спротивно кон нив двајцата ќе поднесам приватни тужби за клевета и навреда на мојата личност.

-се закани Јанчев на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace