Поранешниот висок владин функционер на ВМРО-ДПМНЕ во претходните влади на поранешниот Премиер Никола Груевски, Никола Тодоров со лично соопштение на фејсбук се обрати за првпат во јавноста после подолг временски период.
Неговата објава на фејсбук доаѓа по драматичните случувања на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот кога тој заедно со уште неколкумина сегашни и поранешни функционери беа точка на дневен ред, преку кои беа поведени дисциплински постапки за нивно исклучување од партијата.
Денот на Македонската револуционерна борба, за мене ден на ВМРО, оваа 2018 година го дочекав со голема тага и разочараност. Но, не од фактот што е даден предлог за мое исклучување од партијата на која и го посветив мојот живот и мојата младост, на која со мојата напорна работа, многу самoжртва и посветеност заедно со соборците од општинските, месните комитети и кимовите, и донесовме многу победи и причини за славење.
-напиша Никола Тодоров на фејсбук.
Притоа тој како причина за неговото исклучување ги наведе (според негови зборови) застарените методи на политичко дејствување на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, за во продолжение во поголемиот дел од неговото обраќање тој да зборува против (сега веќе) неговата поранешна партија во стилот и реториката на СДСМ.
Никола Тодоров беше Министер за Образование и Наука на Република Македонија за потоа да настапи на функцијата Министер за Здравство во две влади во кои Премиер беше Никола Груевски.
Од поранешната опозиција (сега власт) предводена од СДСМ Министерот Тодоров беше нарекуван “Министер за смрт” поради неколкуте смртни случаи кои се случија на пациенти во негово време.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија