БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Митрополитот Агатангел рамо до рамо со Рашела Мизрахи во посета на здружението на лица со церебрална парализа од Велес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Рашела Мизрахи, технички министер, на Божик беше со Здружението на лица со церебрална парализа од Велес во организација на Повардарската епархија. Таа на својот фејсбук профил напиша:

На овој голем ден кога православните верници го празнуваат Божиќ, имав чест да бидам дел од божиќната трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

Заслужуваат поголемо внимание од општеството. Тоа се луѓе херои, вистински херои…нивната среќа е најдрагоценото нешто што може да израдува.
Среќен Божиќ!

Од ваквата постапка пофални зборови искажа Митрополит Агатангел кој истакна дека ова е прв пат во неговиот живот министер за труд и социјална политика да посети деца со церебрална парализа за Божик.

Христос се роди, навистина се роди. За прв пат еден министер за труд и социјална политика да ве посети вас родители и да ги посети дечињата и да поразговара со вас како и да и пренесете вашите маки и страдања, вашата болка која тлее во вашите срца за да може да ја добиете онаа помош која ја барате од министерството за труд и социјална политика,

-со овие зборови митрополитот господин Агатангел денеска се обрати пред Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Јас сум многу радосен што еве техничката влада со смена на неколку министерства од партијата ВМРО-ДПМНЕ и новата министерка за труд и социјала е тука меѓу нас со надеж дека сите ваши барања и желби бидат исполнети и со надеж дека дечињата ќе ја добијат потребната нега која ја заслужувате вие родителите и дечињата,

-рече Агатангел

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace