БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Многу инволвирани во случајот “Рекет” почнуваат да проговараат соопшти Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Денеска во изјава за новинарите во рамки на својата работна посета на Струмица Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја коментираше актуелната политичка состојба предизвикана од власта во државата илустрирана преку нереализираните ветувања од страна на Зоран Заев за граѓаните на струмичкиот регион.

Притоа на новинарско прашање за полифонијата во однос на исказите дадени во јавност од страна на актерите во случајот “Рекет” тој упати порака дека врз основа на инфоранциите во јавност многу инволвирани луѓе почнуваат да ја говорат својата страна од приказната

Прашање: Господине Николоски Катица Јанева и Лиле Стефанова дадоа спротивставени изјави во врска со нивната инволвираност во аферата Рекет, кој е вашиот коментар со ваквиот развој на случувањата и најавите од Јавното обвинителство дека двете ќе бидат сослушани?

Одговор: Знаете малку да се пошегувам досега сме гледале крими филмови, сега ги гледаме во живо, обично тоа така оди, оние кои што се во пар кои што се во дуо, во дует, кој што работат заедно после тоа почнуваат да зборуваат различни работи и да зборуваат еден против друг. Можеби тоа е и убавината во тоа што го гледаме деновиве и во она што го објавува италијанскиот весник Ла Верита, па многу луѓе решаваат да проговорат. Јас сум убеден дека во една непристрасна истрага ќе се дојде до вистината таа не ја гледам е во моментов и за жал до сега нема никакви активност и на Јавното обвинителство и по однос на едната и по однос на другата обвинителка што само говори дека се прави обид да бидат заштити главните актери во оваа афера, затоа што да не се лажеме, нема човек во Македонија, нема бизнисмен во Македонија кој што ќе даде толкава сума рекет на Бојан Јовановски мора да е многу поголем а играта и поголем притисокот за тоа да се случи. На врвот на таа пирамида како што кажав стојат обвинители, стои врвот на власта како што слушнавме денес на чело со Зоран Заев,

-изјави Александар Николоски од Струмица.

Креирано од:


Пренеси го гласот