БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Музејот Теракота доби интернет домен во сопственост на бугарски државјанин

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дали еден од најимпресивните музеи од огромно значење за целокупната европска цивилизација Музејот Теракота од Виница ќе добие интернет портал кој што е во сопственост на бугарски државјанин? Извесен Ангел Василев со седиште на адреса ул. Хан Аспарух бр. 9, во Плевен Бугарија во Македонија го закупил доменот muzejterakota.mk кој што се однесува на единствениопт ваков музеј во државата но и можеби пошироко во Европа.

Музејот Теракота од Виница има своја официјална Фејсбук страница, но нема истакнато своја интернет страница со сопствен домен.

Овој регистриран домен е дел од огромната листа на регистрирани домени на културни установи и музеи во Македонија регистрирани од ова лице од Бугарија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мора да се напомене дека закупот на вакви домејни не е незаконски и за тоа се плаќа годишен закуп. Симптоматично е што ова се прави од бугарски државјанин во период кога од источниот сосед сме изложени на културен, јазичен и историски притисок. Согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер испративме прашање и до МАРнет и по еден месец чекање не добивме одговор, пишуваат од порталот Република.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace