“Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите изнесени денеска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 % во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата. Класична лага е и обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело.
Токму против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста. “
-соопштение на МВР упатено до јавноста
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
1.000 денари месечно за струја: Кој има право и како да аплицира? – Министерството за енергетика објави јавен оглас
Перински во Радовиш: Инвестираме во објект кој ќе ја обедини културата и традицијата
Фетаи се сретна со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери