БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На 14-ти јули со „БЕЛА НОЌ 2018“ официјално стартува туристичката сезона во Охрид

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со годинашното издание на „ Бела ноќ“ , проект кој се подготвува повеќе од четири месеци, на 14 јули 2018 година ( сабота) , ќе се одбележи официјалниот старт на главната туристичка сезона во Охрид.

Забавата ќе ја стартнат локални диџеи, а главната забава се очекува на концертот на Масимо.

Веднаш по концертот на Масимо ќе продолжи забавата на главната бина со ДЏ сет на Dj Nasty DeLuxe, по што ќе следува и сетот на Dj Jane.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Веднаш по него ќе се претстави ѕвездата на вечерта – германскиот суперстар Дј – DJ Tomcraft. За afterparty забавата ќе се погрижи Dj Regie Rules.

За цело време на настаните ќе имаме забава и со Баскер уметници кои ќе дадат свој печат на вечерата. Она што ќе биде исклучително интересно е и самата поставеност на бината, која ќе биде во водите на езерото (на брод). На бината ќе има видео бим и соодветно озвучување.

Украсувањето на стариот дел од градот ќе биде соодветно и ќе се одбележи целата патека со бели траки и соодветен промо материјал од Антички театар до плоштадот каде продолжува забавата и сите патишта од стариот дел на градот ќе водат до центарот каде ќе биде главниот дел од програмата. Како задолжителен елемент за надополнување на впечатокот да бидат и настапите на Баскер уметници, огномет и пропратни пиротехнички активности. За да се промовира максимално и овој настан ќе спроведеме комплетна маркетинг кампања за промоција на настанот. Ова е само најава за она што не очекува во текот на ова лето. Ако не послужи времето и се исполнат најавите, ова лето ќе се памети долго и во делот на понудата и во делот на посетеноста.

-најавуваат организаторите.

Програма за „ Бела ноќ 2018“ официјален старт на туристичката сезона во Охрид – 14-ти јули 2018 година (18:00 – 04:00 часот)

Главни настани со сатница:

– старт на манифестацијата 18:00 часот со настап на локални Дџ-и (Dj Gec, Dj Juksel, Dj Toni)

– официјално отворање на манифестацијата од страна на Градоначалник Јован Стојаноски – 21:00 часот

– Dj Face Hip Hop 21:00 – 21:30 часот

– концерт на Масимо Савиќ (Антички театар 21:30 до 23:00 часот).

Се пренесува во живо на видео бим на бината

– Dj Nasty DeLuxe 30 минути сет

– Dj Jane 30 минути сет – Dj Tomcraft (00:00 – 03:00)

– Dj Regie Rules (after party)

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace