Преку објава на социјалните мрежи директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска ги информираше сточарите дека ќе следува исплатата на дел од субвенциите за минатата 2023 година.
“На денешната средба со одгледувачите на овци ги презентирав активностите кои се во тек во АФПЗРР со цел обезбедување на финансиска поддршка за оваа категорија на сточари.
Во текот на следните денови ќе ја реализираме исплатата на директните плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци.
Паралелно, Агенцијата ги обработува податоците од кланичните и преработувачките капацитети во процесот на административна обработка на барањата за дополнителни директни плаќања за сточарите кои предале/заклале јагне или предале млеко кај регистрираните откупувачи / преработувачи.
Огледувачите на овци кои се сертифицирани органски производители и регистрирани земјоделци ќе добијат дополнителни стимулации по основ на овие дополнителни мерки.
Со поддршката од програмата за рурален развој ги субвенционираме и платите за овчарите.
Одгледувачите на овци државната поддршка ќе ја добијат во вистински момент, во пресрет на припремата за откуп на јагниња, напиша на социјалните мрежи директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна Интрадеј пазарот на МЕМО – нова фаза во развојот на македонскиот електроенергетски систем
Јаневска: МОН со системски пристап одговара на предизвикот на вештачката интелигенција во образованието
Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените