Денес се сретнав со претседателот Димитар Кавраков и претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници. На средбата претставниците на асоцијацијата ми ги презентираа проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред сѐ го истакнаа проблемот со патните исправи кои им се неопходни при своето секојдневно работење.
Туристичките водичи и придружници се амбасадори на нашата држава и треба да им се излезе во пресрет на нивните барања. Во таа насока посочив дека преземените мерки за забрзување на процедурите за сите граѓани веќе вродуваат со плод, па така истите ќе резултираат со позитивен исход и за членовите на Асоцијацијата на туристички водичи и придружници.
Извор: Панче Тошковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист