Денеска, петок 05.09.2025 година со почеток во 19.30 часот во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи Солистички концерт на класична гитара на Дејан Лазаревски- вонреден професор на Музичка академија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Македонија;
Професорот Лазаревски на класична гитара за делчевската публика ќе претстави богата музичка програма од неколку автори
Програма
1.H.Villa-Lobos-Suite Populaire Bresilienne
-Mazurka- Choro
-Schottish –Choro
-Valsa –Choro
-Gavotta-Choro
-Chorinho
2.Agustin Barrios Mangore –La Catedral –
-Preludio Saudade
-Andante Religioso
-Allegro Solemne
3.Astor Piazzola
-Verano Porteno
-Milonga Del Angel
ДЕЈАН ЛАЗАРЕВСКИ е вонреден професор на Музичка академија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Македонија;
Основното и Средното музичко училиште го завршил во родниот град во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Студиите ги продолжил на отсекот за класична гитара на Факултетот за музичка уметност, при универзитетот Св.”Кирил и Методиј”, во Скопје, во класата на проф. Војислав Ивановиќ, а ги завршува во класата на проф.Тања Јанкова, каде што и магистрира.
Моментално е редовен проф. по гитара во ДМУЦ “Сергеј Михајлов” –Штип,и работи како хонорарен професор со насловно звање вонреден професор на -Музичка академија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Северна Македонија;
Бил предавач на Семинарот за класична гитара, под покровителство на “Струмица Опен фестивал” 2014,2015,година;
Земал активно учество во прокетот: „Мusic Entertaiment“ – во Француска продукциска куќа, во рамките на МРТВ;Како солист и камерен музичар Лазаревски има настапувано на повеќе концерти, а дел од нив се: во квартет состав во 2023 год. има настапувано во, “Македонска филхармонија-Камерна Сала” -Скопје, Концерт во “Офицерски Дом”-Битола, Концерт на Штипско Културно Лето во “УГ Безистен” -Штип.
Концерт на „Гитар фест“ – Крушево, Дуо класична гитара со женскиот младински хор „Менада“ 2024, Спомен куќа – Тодор Проески. Концерт на Дуо „Милонга“ 2025- ОУ Дом на Култура „Ацо Караманов“- Радовиш, ОУ Дом на Култура„Крсте Мисирков“- Свети Николе, „Безистен“-Штип; „Лешочки камерен музички фестивал“ , во состав дуо класична гитара 2025.
Солистички концерти на ШКЛ 2025 – „Безистен“, во НУЦК“Никола Јонков Вапцаров” Делчево во 2023,Ликовен салон во Велес и ОУК „Дом на млади“ – Штип во 2021 година; Солистички концерт во НУЦК “Ацо Шопов”- Штип ,2022,2024 година; камерни концерти, дуо гитара со Горан Тонев во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица и ОУК „Дом на млади“ – Штип во 2021 година.
Има настапувано како солист и на Интернационалниот фестивал за гитара „Тремоло“, КИЦ „Салон 19:19“ – Скопје во 2017 година. Тој исто така има настапувано и со камерниот состав „Класична гитара и кларинет“ со Иле Колев на „Штипско културно лето“ во 2014, година, во Ликовниот салон – Велес во 2015 година, „Радовишко културно лето“ во 2013 година. Како член на камерниот состав „Дуо гитари“ со Виктор Пешчеров има настапувано на “Skopje Guitar Festival” во Скопје, во Сала „Фросина“ при МКЦ во 2015 година, како и концерт во “Horten Kulturskole” во Хортен, Норвешка во 2022 година.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гоцевски: Делчевските пензионери се потсетник дека времето не ја намалува вредноста на човекот – туку ја збогатува
Ѓоко Велковски од Делчево: Ќе продолжиме да се грижиме за пензионерите согласно нивните барања и потреби
61 годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена за сума од 4000 евра