БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Спомен домот АСНОМ Делчево отворена изложбата на 32 Лесновска колонија [галерија]

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден, четврток 04.09.2025 година со почеток во 13.00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево беше отворена изложба на уметнички ликовни дела од 32 Лесновска ликовна колонија.

На отворањето на изложбата свое обраќање пред присутните голем број на гости вљубеници во уметноста од името на организаторот НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево имаше Директорот на институцијата Златко Начовски.
“Овие дела се инспирирани од природата, архитектурата и духовноста на Лесново и ќе може да се видат и запознаат во наредните 10 денови овде во фоајето на Спомен дом АСНОМ”, рече Директорот Начовски во своето воведно обраќање пред присутните и продолжи:

-Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево ја организира оваа ликовна изложба по повод Денот на ослободувањето на Делчево- 7 септември и Денот на независноста на Република Македонија- 8 Септември.
Директорот Начовски упати своја лична благодарност кон Директорката на Центарот за култура “Злетовски рудар” од Пробиштип Сандра Мијалковска за досегашната одлична соработка меѓу двете институциии при што изрази уверување дека ќе одличната соработка ќе продолжи и во иднина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Наша мисија ќе биде да ја чуваме и негуваме уметноста но и да создадеме услови за нејзино творечко пулсирање,”

-истакна Директорот Начовски пред присутните граѓани на отварањето.
Потоа пред присутните се обрати Директорката на Центарот за култура “Злетовски рудар” од Пробиштип Сандра Мијалковска.

Таа на почетокот на своето обраќање ја потврди важноста и значењето на делата од 32 Лесновска ликовна колонија кои што за домот на култура и воопшто за сите пробиштипјани претставуваат огромно богатство.

“Лесновската ликовна колонија настанува во далечната 1992 година како една идеја на тогашниот директор и низ годините па се до денес опстојува секоја година освен годината со ковид пандемијата. Овие слики кои што ги гледате денес се настанати на 32-то издание на колонијата кое што се одржа минатата година од 25 до 30 јуни. Имаше 17 уметници од нашата држава, од Република Бугарија и од Канада при што настанаа 31 прекрасно дело кои што денес ги красат ѕидовите на овој изложбен салон. Овие дела во текот на цела година патуваат низ сите градови во нашата држава бидејки самата цел на колонијата е што поголем број на нашата држава да може да го видат она што настанува на колонијата”, -информираше преку краток вовед во своето обраќање за историјатот на Лесновската ликовна колонија Директорката на Домот на културата “Злетовски рудар” од Пробиштип пред присутните посетители на отварањето на изложбата во Делчево.

Во однос на самите дела Директорката Мијалковска истакна дека овие дела што може да ги види присутната публика се насликани во две техники, во техника акрил на платно и масло на платно и дека истите најчесто и претежно се инспирирани од прекрасниот Лесновски манастир кој што е еден од најпознатите манастири во нашата држава и огромно духовно светилиште.

Таа го афирмираше фактот што Министерството за култура и туризам го препознало националниот интерес на Лесновската ликовна колонија при што во рамки на спроведувањето на минатогодишната програма на Министерството биле доделени поголем фонд на финансиски средства за реализација на истата, при што се создадени овие дела. Главен покровител на колонијата била општина Пробиштип а имплементатор е “Злетовски рудар” од Пробиштип.

Во наредните 10 денови Националната установа центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе биде домаќин на овие 31 ликовно дело од Македонски и од меѓународни ликовни автори, кои што сите заинтересирани граѓани на општина Делчево ќе може да ја погледнат во термин од 09.00 часот па се до 14.00 часот.

На отварањето на изложбата покрај поголем број на општествени дејци, присуствуваа и дечиња од ООУ “Ванчо Прќе” од Делчево како и од гимназијата СОУ “ММ Брицо” од Делчево. со нивната наставничка Антонела Манева и професорката Лилјана што претставува особен куриозитет за организаторите.

Овој настан се реализира во рамки на Ликовната дејност на НУЦК “Н.Ј. ВАПЦАРОВ”, под раководство на Александар Белогаски-стручен соработник за ликовна дејност.
За амбиентот на денешниот настан беше користена мизика на обработки од Македонски традиционални музички нумери во изведба на нашиот роднокраен музичар Дарко Тасевски, за што организаторите искрено му благодарат за соработката.

За периодот што следува активностите на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево продолжуваат со засилено темпо, со настани и манифестации кои што ќе понудат квалитетни културни содржини за сечиј вкус во Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace