Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски денеска на тематска прес конференција го најавија овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал.
“Со особена чест, заедно со градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, го најавуваме традиционалниот Вевчански карневал – културна и туристичка атракција од големо значење за цела Македонија. ![]()
![]()
Вевчанскиот карневал, со своето долгогодишно постоење, е повеќе од традиција. Тој е симбол на нашето културно наследство и потврда за љубовта на вевчанци кон своето минато. Креативните маски кои ги изработуваат не само што се уметнички дела, туку и носат пораки и раскажуваат приказни.
Вевчани е вистинска туристичка атракција, со својата недопрена природа, богата историја и уникатна архитектура. Наша цел е да го промовираме Вевчанскиот карневал како национален бренд и да привлечеме уште поголемо меѓународно внимание.
Ве поканувам на 13 и 14 јануари, заедно да го проследиме овој уникатен настан и да уживаме во гостопримливоста на вевчанци!”
-информираше Министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар