По повод 28 август- Денот на рударите кој што воедно е и Ден на Пробиштип градоначалникот на општината организира свечена програма во повеќе денови. Одбележувањето започнува на 24 август со фолклорна вечер и настап на повеќе фолклорни групи и ансамбли за претставување на фолклорното богатство на народто.
На 25 август вечерта е резервирана за легендарниот Рудар Рок Фест како и финалето на турнирот во тенис. На 26 Август во Пробиштип ќе настапат повеќе афирмирани Македонски музички имиња а на 27-ми денот е резервиран за најмладите со шоуто на Биби и Боби. Главната прослава ќе биде вечерта на 27 август кога ќе настапат српските музички имиња Бјело Дугме, Фрајле и Прљаво Казалиште.
Наредниот ден на 28 август ќе се одржи свечената седница на Советот на општина Штип, финалето на турнирот во мал фудбал, ликовна изложба како и концерт на Наташа Малинкова.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи