БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На „Деновите на кочанскиот ориз“ Горни Подлог ги пречека гостите со традиционална храна

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Месната заедница Горни Подлог и Црковниот одбор при манастирот „Свети Јован Опсечен“, во соработка со сите домаќинства од селото, годинава приредија закуска за сите посетители на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Во прекрасниот манастирски амбиент беше поставена богата трпеза со традиционални јадења од ориз, зелници, пити и чорби.

Организаторите од Горни Подлог истакнуваат дека настанот го обедини селото и дека ниту едно домаќинство не изостана со подготовка на храна за манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во знак на благодарност за соработката со манифестацијата, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, на Црковниот одбор му додели ваучер од 60 илјади денари, средства што не се доделија поради отсуство на пријави по годинашниов конкурс за најуспешен земјоделец.

Креирано од:


Пренеси го гласот