БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На неколку дена од одбележувањето на 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, осквернавен неговиот споменик во Струмица

Пренеси го гласот

Споменикот на Гоце Делчев, поставен на истоимениот плоштад во Струмица, е вандализиран од засега непознати лица и со авто лак врз него се испишани пораки.

Фотографијата од осквернатиот споменик се шири по социјалните мрежи, а се случува на два дена пред одбележувањето на 152 години од раѓање на Гоце Делчев, 4 февруари.

Од Општина Струмица го осудуваат овој вандалски и дрзок чин и бараат од надлежните да ги откријат сторителите. Додаваат дека споменикот ќе биде исчистен и апелираат до граѓаните да не го уништуваат заедничкото добро.

Споменикот на Гоце Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Висок е 5,20 метри и е подигнат е во 1976 година, а одлуката за неговото подигнување е донесена во 1972 година, по повод 100 години од раѓањето.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот