БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Напорите на владата даваат резултати: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија

„ Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора АХК и заменик амбасадорот Фос“
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во просториите на Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство Министерката Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Германската стопанска комора во Македонија и германскиот заменик амбасадор во Скопје.

На средбата биле разгледувани можностите за инвестиции на германски приватни компании во Македонското стопанство и развој на проекти од сферата на енергетската ефикасност, зелената енергија и слични концепции во делокругот на работата на министерството.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на средбата со директорката на АХК, Антје Ванделт и заменик германскиот Амбасадор, Јан-Аксел Фос, се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција, информираат од Министерството.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На средбата министерката Божиновска ја истакнала важноста на партнерството со Германија во процесот на премин кон обновливи извори на енергија и декарбонизација. Таа ги презентирала дел од тековните активности на министерството, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика кој стапува на сила оваа година, како и плановите за зголемување на инвестициите во соларни и ветерни капацитети.

Антје Ванделт ја нагласи заинтересираноста на германските компании за инвестирање во зелени проекти во Македонија, особено во секторите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Тие ја истакнаа важноста на стабилната регулаторна рамка и транспарентните процедури за привлекување на странски инвестиции. Воедно ја информираше министерката и го најави делегациското патување на тема: „Децентрално снабдување со енергија преку сопствени фотоволтаик системи“, кое ќе се одржи оваа година и ќе овозможи воспоставување на соработка помеѓу германски и македонски стопанственици.

Двете страни се согласиле дека зајакнувањето на соработката во енергетскиот сектор ќе придонесе за економски раст. Исто така министерката Божиновска ја изразила својата благодарност за поддршката од германските партнери и ја потенцираше посветеноста на Владата за создавање поволна бизнис-клима за странските инвеститори.

Оваа средба претставува продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Македонија и Германија во областа на енергетиката. Во декември минатата година, министерката Божиновска учествуваше на стручната конференција за декарбонизација организирана од АХК Северна Македонија, каде што беа разгледани можностите за проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на реализација на стратешките цели за енергетска транзиција и одржлив економски развој, во тесна соработка со меѓународните партнери, информираат од Министерството.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace