Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари се намалува просекот во Собранието и во 2023 просекот ќе изнесува 66.900 денари, анализира Порталб.
Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен.
Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан и за Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.
Највисоки просечни бруто плати 2023
Министерстви за надворешни работи 122.243 денари
Министерстви за внатрешни работи 62.112 денари
Министерстви за финансии 60.685 денари
Министерството за одбрана 55.058 денари
Министерстви за економија 50.600 денари
Министерстви за локална самоуправа 50.214 денари
Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи , просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.
-Целиот текст на Радио Лидер
ДРУГИ ОБЈАВИ
Ај што го сменија умето на државата, почнаа и имињата на селата да ги менуваат: Како с. Тработивиште стана Трабовиште?
Таљат Џафери чита ли закони и зошто го избегнува нивното спроведување?
Зајко и Таче во хумористична коледарска песна