БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Народен лек за зајакнување на имунитетот во овој зимски период

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со цел да го исчистите целосно организмот, а притоа да не ги оштетите другите органи, пробајте го овој домашен рецепт кој ни доаѓа од Германија.

Потребни состојки:

  • 4 лимони
  • 1 парче корен од ѓумбир
  • 2 литра вода
  • 4-5 чешниња лук
  • 2 лажици мед

Темелно исперете го лимонот и прелијте го со зовриена вода со цел да ги отстраните сите нечистотии. Потоа извадете го од водата и исечкајте го на тенки кругови. Исчистете ги и ѓумбирот и лукот, исечкајте ги и ставете ги во блендер или смелете ги со машина за мелење месо.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ставете го лимонот во тенџере од 3 литри или повеќе. Во друго тенџере сварете 2 литра вода и оставете ја да се олади на околу 60 степени. Во водата ставете ги лукот, ѓумбирот и медот. Сè добро измешајте па префрлете во тенџерето со лимонот.

Оставете да врие околу 2 часа, па тргнете го оган. Кога ќе се олади, префрлете ја мешавината во тегла од 3 литра. Вашиот лек е подготвен.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace