БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатиот период опозициската партија во Делчево бележи огромен наплив на енергија и ентузијазам кај своето членство но и кај голем број на граѓани кои што масовно пристапуваат кон новото раководство на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

После подолго време состаноците на Месните Комитети се масовно посетени со цел за промена на катастрофално лошата состојба во која актуелната власт на СДСМ и ДУИ ја втурнаа Македонија а особено Делчево и истокот на државата.

Масовната евакуација на население од просторот на микрорегионот Пијанец-Малеш е присутен како никогаш досега, така што не само селата туку и градот Делчево како и околните градови Берово и Пехчево. Иднината на овој простор-младите но и огромен дел од целокупното работоспособно население е преселена во Италија, Швајцарија, Германија…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На раб на егзистенција се голем и голем дел од администрацијата, наставниците, професорите како резултат на неконтролираната огромна инфлација и падот на куповната моќ на нивните семејства.

Присутна е состојбата каде што голем број вработени во јавниот сектор земаат неплатено на своите работни места за дфа идат да поработат во странство сезонски за да можат да ги преживеат своите семејства во актуелната криза.

Мотивирани пред се од ваквата состојба но и потребата за пад на актуелната штетна ненародна власт во Република МАкедонија, граѓаните на овој простор масовно се придружуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ во сите структури на партијата. Во изминатиот месец забележливо е големото присуство на граѓани на состаноците на Месните Комитети во Делчево придружувајки се на борбата на ВМРО-ДПМНЕ против актуелната власт.

🔴⚫️ Заедно со народот, основна цел на ВМРО-ДПМНЕ во овој временски период е, кај граѓаните да се возобнови надежта дека може да се живее добро и дома, во Република Македонија.

Тоа е единствениот одговор на поставените дилеми за севкупното постоење на македонската држава.

Како ѝ што го завршивме месец Март така и го започнуваме месец Април, со конструктивни и историски состаноци во Местните комитети на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Заедно и како што му доликува на ВМРО-ДПМНЕ, ќе поразговараме со граѓаните од сите Местни комитети и од сите области.

Особено не радува фактот што организиравме масовни состаноци во ново формираните МК и имавме можност директно од граѓаните да слушнеме совети и идеи за нашето работење.

Продолжуваме, континуирано во иднина да соработуваме со граѓаните.

Народот е со ВМРО – ДПМНЕ! 🇲🇰

#ЗаедноСоНародот

-информираа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace