Утре (02.07.2026 година, четврток) заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво Даниела Димовска и заменик директорката на АВРМ Весна Пешова ќе посетат повеќе центри на Агенцијата за вработување каде ќе извршат увид во процесот на аплицирање на јавните повици од мерката „Самовработување“
Посетени ќе бидат подрачните канцеларии на Агенцијата за вработување во:
Велес (09:00 часот)
Штип (11:30 часот)
Кочани (13:00 часот)
Виница (14:00 часот)
Берово (15:15 часот)
Се покануваат сите заинтересирани граѓани и компании да присуствуваат на овие настани со цел да се запознаат со мерките кои што ги спроведуваат надлежните во насока за подобрување на вработувањето во државата и регионот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар