Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули 2026 година ќе се реализира второто терестрично прскање против комарци на територијата на општината.
Акцијата ќе се спроведува во вечерните и ноќните часови, доколку временските услови се поволни. Во случај на неповолни временски услови, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден соодветен термин.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства навремено да преземат соодветни мерки за нивна заштита за време на третманот.
Општина Македонска Каменица апелира до граѓаните за разбирање и соработка, со цел успешно спроведување на мерката за намалување на бројноста на комарците и заштита на јавното здравје.
Извор: Општина Македонска Каменица

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година