Обидите за злоупотреба на траорната мака од загубата на најмилите во профилирање на политички барања од страна на мегафоните на СДС и ДУИ кои со нивните црни сценарија посакуваат дестабилизација преку протести на улица, никому нема да донесе добро а најмалку на овие пострадани семејста. Наелектризираната атмосфера која ја креира овој човек е јадица на која некрофилски медиумски мегафони “хранети” од желбата за остварување на политичка профит на опозицискаТа СДС, едвај чекаат да се закачат за да предизвикаат хаос и безредие од кое само безидејното раководство на СДС со ДУИ посакуваат да имаат корист.
Токму затоа секој Божји ден овие гладни термити се хранат од маката и трагедијата на жртвите на пожарот во Кочани и тоа на јавна сцена со сите расположиви медиумски инструменти кои им стојат на располагање.
Во целата несреќа на семејствата на постраданите кои го изгубиле најмилото, овие некро-термити трагедијата ја спуштија на ниво на жолт печат проткаена со многу лаги, манипулации и невистини за да на најдобар можен начин за нивната мегафонска агенда да се профилираат на јавна сцена во државата што секако ќе се одрази благопријатно на нивните финансиски конта.
Провидни се ваквите намери на овие медиумски лешинари кои црнилото, маката и тагата на пострадани семејства сакаат да ја пренесат на ниво на општа состојба во државата, со што нивните “визија” и “идеи” се да остварат политички профит за крајно искризираните СДС и ДУИ, кои во недостиг на политички кредибилитет го стимулираат и модерираат ваквото сценарио.
Мачното искуство на Македонските граѓани со вакви некрофилски сценарија е присутно повеќе години наназад со сличните по начин на делување случаи со малата Тамара и младиот Нешковски. овие два трагични случаи не можат да се споредат со трагедијата во Кочани, но резултатите кои што сака да го предизвика СДС, ДУИ заедно со нивните мегафони на хаосот се исти: Дестабилизација на владата, ширење поделби и омраза кои неминовно посакуваат да резултираат со криза како таа во 2015 и 2016 година.
Мудроста на Македонските граѓани е веќе “богата” иако на најлош можен начин од злоупотребата на трагедии во политички цели, а некрофилските антагонисти кои се обидуваат да профитираат пари и моќ на грбот на несреќата на граѓаните е веќе видено и прочитано сценарио кое нема да се повтори.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Реална Стратегија за Локален економски развој (ЛЕР) на општина Делчево за период 2021-2025 година или список на неостварени желби?
“Дуинг” бизнис со огромни количини дрвна шумска маса, стана инструмент за ширење паника и хаос за политички цели
За силна држава Македонија, потребни се силни Македонски одлуки, Премиерот да опстои до крај на својата најава!