Антикорупциска комисија одлучи дека не постои судир на интереси кај Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Нема никаква повреда на ниеден закон!
„Наводите во јавноста и медиумите околу средствата и финансирањето на неговите компании се неточни. Тој дојде во ДКСК и имавме многу конструктивно интервју. Во април 2015 тој е избран за советник на тогашниот премиер Никола Груевски. Во моментот кога се распишува тендерот тој не извршува никаква функција“, изјавија од ДКСКС.
Со ова паѓа цела црна кампања на СДСМ и Зоран Заев! После ова е јасно дека нивната цел не е вистината туку оцрнувањето! Јасно е дека се било лага и конструкција! Ние тоа го знаевме од првиот ден, го знаеше и јавноста, сега само институционално се потврдува. Тоа е клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, меѓу нас и нив!
На едната страна имате посветени и квалитетни луѓе кои сакаат Македонија да оди напред, на другата го имате Заев кој од својата фамилија направи клан кој владее криминално со Македонија. На едната страна визија и концепт, на другата криминал, корупција и радикализам.
Овие два концепти ќе се судрат на 12ти Април и ќе победи иднината на Македонија. Ќе победи Мицкоски затоа што е неспоредливо подобар и почесен од Заев, поквалитетен и далеку поголем родољуб. Ќе победи Македонија!
-фејсбук статус на Александар Николоски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство
43 годишен штипјанец нападнал полицаец додека вршел службени дејствија