Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на посетата на општина Василево зборуваше за повеќе актуелни теми при што одговори и на повеќе новинарски прашања.
Николоски во своето обраќање пред јавноста се осврна на проблемите во земјоделието кои со актуелната власт на СДСМ и ДУИ го руинираа овој значаен сектор кој обезбедува храна за граѓаните во држжавата а е од особено значење за општината Василево но и пошироко за цела источна , централна и јужна Македонија.
Тој соопшти дека имајќи предвид дека станува збор во земјоделски крај очигледна е исклучително лошата состојбата во земјоделието во изминатиов период, а политиките на владата демотивираат се повеќе земјоделци.
– Гледаме една катастрофа и само за 5 до 6 години се преполови обработливото земјиште во државата. Тоа е пред се резултат на лошите политики во делот на субвенционирање, се промени целосно начинот што демотивираше голем број земјоделци да работат. За жал голем дел од нив видов во Швајцарија при мојата посета кај нашата дијаспора, изјави Николоски.
Николоски додаде дека тие земјоделци кои се од овие краиште наместо да си гледаат среќата во својот дом, иселени се во странство.
– Состојбата е катастрофална, иселувањето е масовно и тоа е нешто на кое интензивно ќе работиме после парламентарните избори,
соопшти Александар Николоски- Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе биде носител на кандидатската листа на пратеници во 4-та изборна единица.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: За автопатот Кичево-Букојчани ќе избереме Изведувач овој месец, изградбата започнува веднаш согласно временските услови
Алиу во „Само Интервју“: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање
Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет