БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски поднесе кривична против 3 полицајци во Струмица кои дозволиле да застари дело против нивен колега

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кривична пријава против членови на дисциплинска комисија поради настанување на застареност во водење дисциплинска постапка.

На мое барање, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде мерки за утврдување на причини за настанување на апсолутна застареност за водење дисциплинска постапка по предлог поднесен против работникот Н.М.

Имено, од страна на Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОК поднесена е кривична пријава против горенаведеното лице за кривично дело „Злосторничко здружување“ и „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство“, при што за вработениот – полициски службеник одредена е мерка притвор во траење од 30 дена. Притоа од страна на ОВККИПС на 24.12.2022 бил доставен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од страна на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Струмица на 15.01.2024 година била одржана расправа и притоа таа му предложила на министерот да донесе решение за утврдување дисциплинска мерка „парична казна“. Имајќи предвид дека согласно Закон министерот е должен решението да го донесе во рок од 12 месеци од приемот на одобрението од јавниот обвинител, истиот рок истекол на 21.12.2023 со што членовите на комисијата сториле кршење на Дисциплинскиот договор на МВР.

Имајќи го предвид ова, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поднесе известување до надлежното Обвинителство и поведување дисциплинска постапка против лицата А.Т. на работно место Главен инспектор за разузнавање во ОКРА при СВР Струмица, Б.К. на работно место командир во ПС од ОН Радовиш и Ј.В. на работно место Помошник началник во СВР Струмица.

Извор: Панче Тошковски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace