Во текот на вчерашниот ден се изврши примопредавање на функцијата на в.д. директор на поранешната институција Фонд за иновациски и технолошки развој (ФИТР) Никола Додов и новата в.д. директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска.
Новата директорка на новоетаблираната институција Димовска со свое соопштение упатено до јавноста преку социјалните мрежи ја афирмираше нејзината цел за овозможување на вистински иновативен развој во државата со новоформираната ИНОВА која ќе биде предводник на ваквиот развој.
“…официјално ја завршивме постапката на примопредавање со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Никола Додов, со што и официјално ФИТР престанува да постои како правен субјект. ИНОВА ја презема целата надлежност согласно новиот Закон за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.
Со овој чекор го заокружуваме процесот на создавање една силна, современа и интегрирана институција – ИНОВА, која ќе биде движечка сила за иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништво во нашата земја.
Нашата визија е ИНОВА да биде препознаена како клучен партнер на сите кои создаваат, иновираат и инвестираат во иднината. Таа ќе функционира како модерна институција, изградена врз тимска работа со докажани професионалци и со јасно дефинирани приоритети.
Пред нас е предизвикот да изградиме институција која ќе обезбеди поддршка, стабилност и развој за иновативната и претприемничката заедница, како и за сите кои создаваат нова вредност и носат напредок.
Ќе работиме со целосна транспарентност и отчетност, поставувајќи нови стандарди и градејќи институција која ќе биде пример за функционалност и ефективност.
Со ентузијазам и одговорност продолжуваме понатаму – заедно со сите креатори, истражувачи, компании и визионери кои ја гледаат иднината во иновациите,”
-напиша на социјалните мрежи Даниела Димовска која што ја презеде управувачката палка од Никола Додов- последниот директор на ФИТР.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ОТВОРЕНА РЕГИСТРАЦИЈАТА ЗА МЕДИУМИТЕ ЗА ПРВИОТ ФОРУМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ДИПЛОМАТИЈА НА 25 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ
Сали на Европската академија во Берлин: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ
БОЖИНОВСКА НА СЕДМИОТ ФОРУМ ЗА ТРАНСАТЛАНТСКА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА ВО ВАРШАВА