БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нови авионски линии од Охридскиот аеродром. Летови до Меминген, Дортмунд, Милано и Малме

Пренеси го гласот

Од „Визер“ најавија нови авионски летови. Од март ќе бидат воспоставени авиолиниите од Охрид до Милано и до Малме, а билетите за овие дестинации ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Летовите до Малме почнуваат на 18 март. До 13 септември, од охридскиот аеродром до Малме летовите се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела. Летовите Охрид-Милано стартуваат на 19 март и ќе се реализираат два пати во неделата. До 30 март во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок. Летовите Охрид-Меминген ќе почнат да се реализираат од 1 јули и ќе бидат два пати во неделата, односно во петок и понеделник. Летовите Охрид-Дортмунд стартуваат на 2 јули и ќе бидат во вторник и сабота. Од скопскиот аеродром ќе бидат отворени две нови линии кон Германија и тоа кон Баден-Баден и Бремен, потоа кон Ларнака во Кипар и кон Турку во Финска. Во јули ќе биде донесен и уште еден петти авион. – “ Допопонителниот петти авион ќе ни овозможи да раснеме во однос на зачестеноста на нашите услуги од Скопје, така што ќе зачестат летовите кон Гетеборг од четири на пет лета, до Хамбург од два на три лета, кон Келн од три на четири, и кон Малта од два на три летови неделно. Кон Базел ќе се лета три пати на ден” – изјави Џорџ Михалопулос од „Визер“ .

Креирано од:


Пренеси го гласот