Градоначалникот на ошштина Берово Петар Ружински ја информираше јавноста за изградбата и уредување на нови детски игралишта во селата Двориште и Будинарци.
“Најмладите жители на селата Двориште и Будинарци, добиваат свое мало царство на играта – детски игралишта, каде ќе растат нови пријателства, ќе се создаваат најубавите спомени и ќе се живеат безгрижните денови на детството.
Завршивме со реализација на проектот за изградба на нови детски комплекси со реквизити, кои ќе им овозможат на децата простор за игра, дружење и здрав развој.
Со овој проект продолжуваме чекор по чекор, да ги реализираме определбите што ги поставивме, за подобрување на условите за живот во секое населено место. Нашата цел останува иста – секое дете, без разлика каде живее, да има безбедно и уредено место за игра, а секое семејство да почувствува дека развојот стигнува до сите делови на општината.
Вкупната вредност на проектот изнесува 1.081.352,00 денари, кои се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2026 година.
Најубавото детство се создава низ играта, смеата и безгрижните моменти. Секоја нова лулашка, секоја лизгалка и секој детски чекор, се уште една инвестиција во среќните спомени и во иднината на нашите деца.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Петар Ружински

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа