Илчо Захариев: Во текот на овој четиригодишен период изградивме повеќе парковски површини со цел да го разубавиме градот и да створиме попријатен поеколошки амбиент за живеење. Затоа парковите ги градевме на различни делови од градот со цел сите урбани заедници да добијат зелено катче. Така изградивме паркови во Автокоманда, паркот на фармацијата во Дузлак, коритото на Отиња, во Баби, во Три чешми, во Балканска , во центарот околу плоштадот, патеката, покрај Гимназијата, спроти ЕВН, на ул. Скопска, на ул Сутјеска и други. Доста паркови се направија,но во следниот мандат планираме да направиме уште повеќе зелени површини во Штип, кои ќе го прочистуваат воздухот и ќе ги разубавуваат населбите.




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Потенцијален инвеститор од Индија денеска беше брифиран од Градоначалникот Гоцевски за можностите за инвестиции во Делчево
Граѓаните на с. Радање добија нова училишна зграда за подобри услови за работа на вработените и образование на учениците
Иван Јанковски е среќниот верник кој го извади Светиот Крст од Каменичка река