• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Глас од истокот
  • Осојак
  • Видео канал
loading...
Насловна
Регион

ВЛАТКО РИСТОВ: ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ВМРО – НП ВО ДЕЛЧЕВО

септември 26th, 2017 Регион коментари 2801

Во отвореното писмо објавено на порталот pogled.mk претседателот на ОК на ВМРО НП од Делчево ја упати следнава порака: Почитувани членови и симпатизери на ВМРО Народна Партија,

Јас како Претседател на ОK на ВМРО НП во Делчево чувствувам одговорност да објаснам зошто ОК на ВМРО НП во Делчево одлучи да учествува на овие локални избори во коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Да почнам со ред, во изминатиот период ВМРО НП како политичка партија помина низ многу премрежја, се соочивме со разни предизвици, но останавме доследни и лојални почитувачи на делото на Љубчо Георгиевски. ВМРО НП на претходните локални избори беше во коалиција со СДСМ и имавме заедничка листа на која ВМРО НП имаше две добитни места и едно не добитно. Не знам што во меѓувреме се смени освен што ние како партија достојно си ја испочитувавме коалицијата во која само бенефиции имаа СДСМ. Тоа го поткрепувам со фактот што дека на последните парламентарни избори не бевме во никаква коалиција и договор со СДСМ, туку настапивме заедно со ОМ и Достоинство како трет политички блок – ВМРО за Македонија. После изборите почнаа прегрупирањата за локални избори и како благодарност од СДСМ ни беше доставена понуда од едно советничко место (д(добитно) и НИШТО друго, нагласувам НИШТО друго, со образложение дека имало многу политички партии кои ги следувало добитно советничко место (ДОМ, ДС и др.) кои до вчера беа во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, а за кои не верувам дека во Делчево имаат некое сериозно членство кое може да им помогне за локалните избори. Сето ова беше поткрепено со изговорот дека одлуката е донесена во централните преговори со СДСМ и ВМРО НП на што и ние така оскудната понуда ја прифативме. По одлуката на ИК на ВМРО НП и незадоволството од понудата на СДСМ и неколку месечното тапкање по рамо од страна на нивните преговарачи, секој ОК на ВМРО НП имаше слобода сам да одлучи со кого ќе коалицира, што за нас беше доволен показател, зошто да преговараме со истиот политички субјект со кого централата не можела да се договори. Уште истиот ден ни јавија од ВМРО ДПМНЕ и ние како посебен политички субјект добивме понуда која за нашата партија, за членовите на НП е 10 пати поприфатлива а таа содржеше едно советничко место и сите други вработувања да се одвиваат спрема односот 4:1 т.е секое 5 место за вработување да биде на ВМРО НП. После постигнувањето на договорот со ВМРО ДПМНЕ почнаа шурувањата или пазарењата со поедини членови или поточно симпатизери кои добар дел од нив и во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ добро профитираа (ако треба и поединечно ќе ги опишам), а кои истовремено со сите сили сакаа да го раскинеме договорот со ВМРО ДПМНЕ. Во исто време тие четири, пет луѓе (севкупно од 1300 гласачи на партијата) сакаат да ни ја потценат интелигенцијата и сакаат да не убедат дека ние не знаеме што е тоа власт и дека евентуална коалиција со ВМРО ДПМНЕ ќе ни направела не знам каква штета.

За да им појасниме на нив и на сите наши членови и симпатизери одлучивме да им ставиме до знаење на сите политички субјекти во Општина Делчево дека:
– ВМРО НП единствено се поведува по начелата на историското ВМРО и е посебен политички субјект кој единствено ќе ја почитува одлуката на ИК на ВМРО НП и нашиот лидер Љубчо Георгиевски. ВМРО НП не е партија во која можат да се подкусуруваат и пазар поединци туку партија која 16 години е во опозиција и до ден денешен опстојува сама и така ќе биде и во иднина се до друга конечна одлука на раководството и на претседателот Љубчо Георгиевски. ВМРО НП ниту се плашела од претходната а не се плаши ниту од сегашната власт бидејќи на свој грб многу добро ги почувствувала и двата политички субјекти кои досега биле на власт и нивните злоупотреби и методи на владеење. Користејќи ја оваа прилика сакам да упатам порака и до нашите довчерашни коалициони партнери дека ЖИВОТОТ требаше да дојде за сите, а не за поединци. Како Вие, ќе им објасните на членовите на ВМРО НП од кои очекувате гласови дека вашата партија четири месеци наназад го потценила нивниот глас? СДСМ цели четири месеци не тапка по рамо и води преговори преку вибер комуникација (а не на маса како што водат зрели политички партии) се со цел на крај да излезат со една крајно потценувачка понуда на ниво на држава за нашата партија и нашите членови. Затоа упатувам јасна порака: Немојте да се обидувате да се мешате во одлуките на туѓите политички партии или да се повикувате на нивното членство!
ЗА КРАЈ: Се додека лидер на ВМРО НП е Љубчо Георгиевски големите душегрижници за ВМРО НП воопшто да не се грижат за нашата партија и нашите членови, таа ќе опстои а многу бргу ќе дојде денот и кога повторно ќе се види нејзината сила, сила која ќе се покаже на лист хартија, сила која ќе се покаже со пенкало.

ДА ЖИВЕЕ ТАТКОТО НА ВМРО ВО МАКЕДОНИЈА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ, ДА ЖИВЕЕ В М Р О !!!

loading...

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава НОВА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА И ПРЕАДАПТАЦИЈА НА ДОМ НА РУДАРИТЕ ВО М.КАМЕНИЦА
Следна објава Нови паркови за почиста животна средина во Штип
Може да Ве интересира:
Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево
Регион

Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

февруари 17th, 2021 243
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани
Регион

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

февруари 16th, 2021 99
Пред 3 месеци Бочварски се пофали дека потрошил 2.3 милиони евра за 10 км пат, кој денес изгледа вака
Регион

Пред 3 месеци Бочварски се пофали дека потрошил 2.3 милиони евра за 10 км пат, кој денес изгледа вака

февруари 15th, 2021 259
Соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани
Регион

Соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

февруари 15th, 2021 103
Донација од Германија на возило за чистење снег од 2017 година се уште не стигнало во општина Лозово
Регион

Донација од Германија на возило за чистење снег од 2017 година се уште не стигнало во општина Лозово

февруари 14th, 2021 596
СДС Оил преку компанијата "Изнајден инвеститор" од 2017 година отвара бензинска пумпа во Лозово
Регион

СДС Оил преку компанијата "Изнајден инвеститор" од 2017 година отвара бензинска пумпа во Лозово

февруари 14th, 2021 166
УМС на ВМРО-ДПМНЕ  Делчево го исчистија снегот до фотелјата на градоначалникот Горан Трајковски
Регион

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Делчево го исчистија снегот до фотелјата на градоначалникот Горан Трајковски

февруари 13th, 2021 129
Патот Делчево- Кочани да се преименува во "турни ме да кинисам". Властите затекнати неподготвени, граѓаните со проблеми во сообраќајот
Регион

Патот Делчево- Кочани да се преименува во "турни ме да кинисам". Властите затекнати неподготвени, граѓаните со проблеми во сообраќајот

февруари 13th, 2021 243
ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на лицата за кои се сомневаат дека Градоначалникот на Штип Сашко Николов планира да ги вработи во општинската администрација
Регион

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на лицата за кои се сомневаат дека Градоначалникот на Штип Сашко Николов планира да ги вработи во општинската администрација

февруари 12th, 2021 46
Facebook Comments
Жена на денот
Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

Џоан Мекеј-Мајка, сопруга и моден модел која плени со своите атрибути

357
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

894
Најнови објави
Фев 24th 4:36 PM
Глас од истокот

Младен Јаневски: Тон, камера, АКЦИЈА!

Фев 22nd 6:21 PM
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 21st 9:22 AM
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 17th 8:40 PM
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th 8:30 PM
Институции

За општина Штип гасификацијата е реализирана но само на ниво на планска документација. Ништо од ветената изведба на терен

Фев 17th 7:12 PM
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th 12:16 PM
Регион

Претседателот на Советот на Општина Делчево наплаќал за адвокатски услуги од институции во Македонска Каменица, алармираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Фев 16th 6:43 PM
Регион

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за реваншизам и непрофесионални преместувања во МВР во Кочани

Фев 15th 9:15 AM
Институции

СДСМ Кочани и Општина Кочани преку идентични соопштенија комуницираат со јавноста

Фев 15th 9:00 AM
Регион

Пред 3 месеци Бочварски се пофали дека потрошил 2.3 милиони евра за 10 км пат, кој денес изгледа вака

Набери здравје
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување
Став

Шеќеринска пред 11 месеци, во време на светска пандемија го одјавила Полковник Драган Ковачки од здравствено осигурување

Фев 17th, 2021 1649
Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација
Европа

Координативно тело на Македонците во Европа: Менувањето на моделот на лични карти е увертира во деструкцијата на Македонската нација

Фев 21st, 2021146
Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација
Политика

Мицкоски: Јас сум Македонец и сакам во мојата лична карта да стои Македонската нација

Фев 17th, 2021112
Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд
Политика

Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков се потврди за изминатиот викенд

Фев 22nd, 2021106
Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира
Регион

Шахпаска во декември 2020 г. во Лозово отворила детска градинка која два месеци потоа се уште не функционира

Фев 7th, 2021103
Архива на статии
ГАЛЕРИЈА
COB Shoot-3 0221-585x390
glamour 023
28-09-2018-1538200606
glamour 054
Напуштеното пијано 15
28-09-2018-1538200614
graduates2018-33
28-09-2018-1538200897
12-11-2015-1447336912
Kelly Brook 50
trees02
burning man 2017 12
burning man fest 012
burning man fest 080
Monica Bellucci 105
58384607 1078011109067034 187966147038019584 n
burning man 2017 15
12-11-2015-1447337119
Наш Instagram дом
Нека не ве лажат очите инкасаторот од позади карпата стои...
No corona....
Не е Павароти, но врши работа....
Василичарскиот обичај е традиција длабоко вкоренета во идентитетот на Македонскиот народ....
Вевчанка во јавна полемика Вевчанка во јавна полемика со полицајците
Си дојде ѓаволот по своето.. Си дојде ѓаволот по своето...
"Пато масовно за цело село", "Пато масовно за цело село", патот до Македонските вечни ловишта или патот до Македонската Валхала...
Алтернативниот најдобар фу Алтернативниот најдобар фудбалер на минатиот век. Крунисан од милионите фанови кои сметаат дека неговата фудбалска магија едноставно не е од овој свет.
Замина како и што живееше... со тресок...
Ќе биде запаметен!
Повеќе... Наш Instagram дом
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2019. Сите права запазени.
Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.