Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Новогодишна честитка на Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски по повод новогодишните празници со свое видео обраќање во јавноста упати честитка до сите граѓани на општина Делчево.

Тој осврнувајки се на актуелните состојби на потиштеност во сите сфери на државата, изрази надеж за подобро утре за сите граѓани на Делчево. Како основен предуслов за да се материјализира таа надеж, Претседателот на опозициската партија ја истакна борбата на секој еден поединец кој што посакува подобро утре за себеси и за своите најблиски.

Во продолжение во целос интегрално го пренесуваме текстот на обраќањето на Иван Гоцевси- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево:

“Пред Новата година секогаш се потсетуваме на минатото.

За годината што изминува, за борбите, предизвиците, успесите но и падовите.

Она што денес го гледаме е далеку од моите, но верувам и од вашите желби. Се повеќе тага на лицата, се помалку насмевки. Владее само страв, сиромаштија, среќата ја совладуваат неправди, сеприсутната корупција ја разградува радоста, има црнила на секој чекор, измамите владеат. Животот стана руина.

Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на слободата и во идеалот кој го носи ВМРО-ДПМНЕ.

Верувам дека вие и вашите деца треба да сте среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правда, а државата да се грижи за вас.

Годината што следи ќе донесе промени на подобро, неправдите ќе бидат поразени, Македонија ќе биде слободна.

Пред се ви посакувам топол дом, многу убави мисли и прегратки, уште повеќе здравје, бериќет и љубов за секој еден од вас.

Со добри мисли и уште подобри намери, како еден од вас, ништо повеќе и ништо помалку од тоа, како човек, како ваш пријател, сосед, колега, познаник, сограѓанин, ве повикувам да ни се приклучите во борбата против душманите на Македонија, и да бидете дел од успесите кои сите заедно ќе ги оствариме и донесеме.

🇲🇰🇲🇰 Почитувани граѓани,

Од мое лично име , и од името на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Ви посакувам среќна и бериќетна 2023-та година. Во добро здравје, спокојство и среќа во вашите семејства, со заеднички сили да се избориме за напредок и развој на Македонија. Ви посакувам личен успех во вашите зацртани цели, а вашиот индивидуален успех, земен севкупно, ќе биде и успех и гордост на целата наша држава.

Нека доброто го победи злото што ја заробило Македонија! Нека не опседне и води добрата мисла …

Нека Бог биде во нашите срца но и во нашите мисли кога носиме одлуки за себе и за другите, за пријателите и за непријателите, а оваа година самите да ја направиме посветла од она што повеќето очекуваме да биде .

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Да сте здрави и живи!”

-рече во своето предновогодишно обраќање Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com