Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски новата година ја започна работно уште во првиот ден од 2020 година.
Заедно се предлог министрите и заменик министрите во техничката влада која што ќе ги спроведе предвремените парламентарни избори тој денеска оствари работен состанок на кој што беа дискутирани активностите кои што треба да бидат превземени во наредниот период за да биде заштитена народната волја на изборите.
Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува. Тоа е голема одговорност која ја прифаќам. За добар почеток на годината, на состанок со мојот кабинет и луѓето кои ќе имаат одговорна задача во Техничката влада да ја заштитат народната волја. Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова. Нека е среќна и бериќетна !
-соопшти Христијан Мицкоски во врска со овој состанок.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција