Во чест и сеќавање на маестралниот драмски писател Горан Стефановски , Драмски театар од 1 декември (сабота) , ќе организира повеќе настани, кои ќе не потсетат на неговите ремек-дела.
Во сабота (1 декември) во 19 часот ќе има проекција на претставата „Диво месо“ од 1979, во режија на Слободан Унковски.
Во понеделник (3 декември) во 19 часот, ќе има проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Слободан Унковски. Во неговата чест и спомен , досега нема најава на ниту еден организиран настан отсем настанот на Драмски , не се прогласи ден на жалост, на ниту една телевизија не се пушти негова драма, за жал.
Стефановски е автор на голем број моќни драмски имиња : „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030