БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од Македонскиот до Американскиот пантеон на слободата: Мицкоски го започна мандатот од с. Разловци за да вчера биде во Вашингтон

Пренеси го гласот

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски де факто својот мандат го започна од неговото прво јавно појавување после изборите на 8 мај минатата година помеѓу граѓаните на историското село Разловци. Нема ништо по симболично и идеолошки посилно од ваквиот потег на Премиерот на Македонија кој што е лидер на ВМРО-ДПМНЕ- организација која што својот корен го темели на историското ВМРО и Македонската борба за слобода.

Во селото Разловци пред црквата Св. Цар Константин и Царица Елена и пред насобраните жители на овој историски бесмртен пантеон на слободата на Македонскиот народ на 20 мај 2024 година Мицкоски јасно и гласно упати силна порака до сите Македонци но и до сите душмани на Македонскиот бит и постоење.

-Темелите на Македонија се во селото Разловци и ова лавовско гнездо е нашиот непокор!

Во текот на вчерашниот ден само 8 месеци по поклонот на Христијан Мицкоски пред знамето на Разловечкото Востание, Македонскиот Премиер беше исправен пред Американскиот пантеон на слободата на инаугурацијата на новиот 47-ми Американски Претседател Доналд Ј. Трамп. Присуството на Американскиот Капитол Хил на Премиерот на Македонија не беше случајно ниту пак по игра на среќата. Средбите со голем број поединци од највисоко значење во врвот на американскиот општествен живот гарантираат афирмација на Македонското постоење и идентитет на највисоко можно ниво помеѓу американската јавност. На сите средби е разговарано за Македонија и Македонските состојби со интенција за воспоставување и продлабочување на соработката на сите полиња со Македонскиот стратешки партнер- САД. Тоа е истиот муабет кој што во себе содржи инспирација родена од идеите на водачите на Разловечкото востание за слобода и просперитет на Македонските граѓани во партнерство со Американските граѓани. Нема ништо повредно од пренесениот Македонски збор и суштина на Македонската вековна борба помеѓу естаблишментот на најмоќната светска демократија, чии што идеали за слобода и демократија ги дели МАкедонскиот граѓанин низ мислите и зборовите на Македонскиот Премиер.

Физичкото присуство во Вашингтон на најзначајниот политичар во моментот во Македонија не е само по себе цел, туку она што беше разговарано и на кој начин беше афирмирано. Мицкоски во Вашингтон не појде за да промени име под грчки диктат, со искривена кичма на потчинетост, туку баш напротив, гордо и исправено рамо до рамо со најмоќните луѓе во моментот на светската сцена.

Овој чин на победа на Христијан Мицкоски на полето на меѓународните односи за Македонија и афирмација на Македонското постоење во срцето на Американскиот пантеон на слободата и демократијата секој Македонец кој што си ја сака својата земја на достоинствен и искрен начин, го прави горд и голем до ново на чест и уважување кое ретко низ историјата го доживеале плејада Македонци кои биле активни на меѓународен план.

Приказната која започна во дворот на црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во бесмртното село Разловци има убава и светла иднина.

Останува на овој исконски и древен народ да биде силата и упорноста за постигање на зацртаните цели што гарантираат просперитет на Македонските граѓани во наредните децении. За постигање на таа цел Македонија има пријатели во Вашингтон помеѓу луѓето на овие фотографии погоре кои се едни од најзначајните поединци моментално во светската геостратегија.

Креирано од:


Пренеси го гласот