БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одбележана 90 годишнината од денот на раѓањето на Драган Богдановски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ како и повеќе следбеници и почитувачи на животот и делото на Драган Богдановски денеска ја одбележа 90 годишнината од раѓањето на идеологот на современото ВМРО како и еден од основоположниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Кај гробот на Драган Богдановски беше прочитан пригоден реферат, по што беа положени букети со свежо цвеќе во знак на почит на неговото животно дело.

Претседателот на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески во таа прилика сподели свои зборови за слава на Драган Богдановски:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Драган Богдановски веруваше во македонската младина како најголема сила и единствен чувар на македонските идеали, за што и ќе рече дека: ,,Македонската младина е сплотена како авангардна комуна во ВМРО – ДПМНЕ. За ВМРО – ДПМНЕ може слободно да се каже дека е партија на македонската младина, бидејќи младината на секој народ е неговата иднина.”

На денешен ден пред 90 години се раѓа токму тој – човекот кој историското ВМРО го возобнови во единствената македонска партија, модерното ВМРО – ДПМНЕ.
Животот ѝ го посветува на Македонија. 🇲🇰
Нека му е вечна слава.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace