БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васил Маневски: МОЈАТА ТАТКОВИНА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Татковино песно недопеана
Татковино свеќо недогорена
Татковино обесчестена
Татковино кутната на колена
Татковино понижена, ограбена
Со кории унуштени, изгорени
Со ниви зараснати, неорани
О, татковино таго непрежалена
Те уништува толпа разулавена
Со пропаганди гадни преплавена
Ај, доста со силувања и ограбувања
Македонија е најубав балкански цвет
Препознатлив насекаде во целиот свет.

О, татковино Македонијо, рано неизлечива
Прободена в срце со туѓи остри сечила
Не смее да згасне твојот вековен сјај
Ќе се спротивставиме на мрачните ликови
Што ги убиваа и судеа твоите синови
Со пушки, снајпери и со калашникови.

За ивзршените подли дела од најдолен вид
Ќе има ли домашен или меѓународен суд ?
Не остана веќе ни поле, ни планина ни рид
Каде не паднаа невини жртви, каков апсурд
Немаат владарите наши ни образ ни чест
До кога нивните лаги ќе бидат прва вест?
Поради нивните безобразлуци и бладања
Стократно се множат народните страдања.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сакаат, ама никако не можат да те докрајчат
Постојано нечии комисии заседаваат, решават
За македонското име, историја, знаме, нација
До кога ќе трае ова понижување оваа негација
До кога усти затворени за прашањата отворени?

Лажните ветувања, веќе им ги мрсат конците
Не се толку наивни и лековерни Македонците
Тие сакаат татковината како што и прилега
Рамноправна достоинствена, гордо исправена
Цивилизирано во Европа да биде примена,
Не обесчестена, понижена, навредена, безимена.

Јасно е : како што е Германија на Германците,
Русија на Русите, Америука на Американците
Франција на Французите, Албанија на Албанците
Турција на Турците, Грција на Грците
Така како што е Јапонија на Јапонците
Мора да биде и Македонија на Македонците!

Автор: Васил МАНЕВСКИ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace