…. или што би рекол еден елоквентен келнер од една весела кафеана на крајниот исток од државата:
Време е крчмарот да направи сметка за испиеното и изеденото во кафеаната наречена СЈО.
Со почетокот на неделава се обзнани информацијата дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднеле иницијатива за формирање на Анкетна комисија за расветлување на можните злоупотреби на Буџетските пари на СЈО, во рамки на нивната работа во изминатите неколку години.
А на мегафоните на власта не им требаа специјални покани, уште помалку пак аргументи за да се запнат во со ништо предизвикан, уште помалку оправдан напад врз невидливите ветерници- олицетворени во работата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во случајот. И тоа додека некој во власта го преспа најголемиот корупциски скандал (Рекет) во современа Македонија, а некој трет го овозможи истиот тој рекет. И, зошто, та зошто, прашуваат, пратениците од ВМРО се дрзнаеле токму сега, а не години претходно, да побараат да се прочешла работата на ‘специјалните’? Или, “за што ги плаќаме пратениците на ВМРО“?
Тогаш, еве, и ние ќе нафрлиме прашање: Кому всушност му пречи создавање на Анкетна комисија?
Кој е храбриот “шарен/-а“ кој се растрепери и исплаши од можноста да се испитаат наводите за злоупотребени народни пари?
Зошто некому би му пречело сега да се спроведе подетална истрага кога веќе сите слушнавме за случајот “Рекет” и за наводите за вмешаност на главната на СЈО, Катица?
Нејсе. Според информациите со кои располагаме, потрошени се повеќе од 15 милиони евра за работата на Катица Јанева и нејзините потчинети во СЈО. И во оваа сума не се вклучени и парите грантирани од надворешни извори на финансирање на оваа политички наметната експозитура на моќ. Но моќта веќе ја нема и време е мечката да покаже до каде ги има потопено шепите во медот.
Ќе се најде ли попаметен од нас, да пресмета колку минимални плати се тоа? Затоа и не е многу јасно, зошто мегафоните на власта, токму сега спинуваат и дефокусираат со смешните муабети дека, секој и особено пратениците од опозицијата, имал увид во работата на Катица Јанева и нејзините “чираци“?
Зошто токму сега се говори за агилното и ажурно СЈО кое навреме ги доставувало своите шестмесечни извештаи? Ќе затвараме ли очи пред фактот дека сега, а не пред некоја година излезе Рекет?
Ќе се правиме дека не се сеќаваме на воспевите и величењето на Катица и нејзините наконтени бундарки и чантарки од страна на истите тие кои сега се препелкаат ко риби на суво за да го отргнат вниманието од тоа дека мора да има отчет за потрошените пари на македонските граѓани?
Одговорот на прашањето “Каде се парите?” се чини дека не ги интересира само оние во чија функција како продолжена политичка рака делуваше еутанизираниот пациент кој сега некој сака да го користи како дух од задгробниот живот за да плаши мали деца во оваа наша киднапирана држава со руиниран правосуден систем.
Ќе молчиме ли пред индициите дека, сега веќе еутанизираното СЈО беше само политичко-партиска маша? Да прашаме ли чија, за кого, зошто?
Не, нема потреба бидејќи, фокусот во моментот е друг. Од интерес на јавноста е да се формира таа Собраниска Анкетна комисија која ќе ги расчисти дилемите околу можните злоупотреба на парите на граѓаните.
И во продолжение на оваа пародија од правосудна реалност во Македонија денеска дознаваме дека Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски го доделил случајот на мртвото СЈО на поранешната заменичка на Катица Јанева, Ленче Ристова. И тоа така од ракав, низ едно недефинирано дискреционо право, надвор од системот АКМИС кој за Јовевски се чини дека е непотребен како таков.
Или пак АКМИСОТ важи за обичните “смртници” та не и за поранешните специјални?
Дополнително новинарот Миленко Неделковски денеска на својот фејсбук профил објави со име и презиме непотистичка мрежа на вработувања од страна на обвинителите во СЈО како и функционери на СДСМ.
Ваквите махинации во правосудниот-обвинителски систем во спрега со актуелните политички случувања во државата, говорат само за едно:
Не е воопшто јасно на каде плови овој брод!
А од пусулчето на крчмарот нема бегање, независно колку солена или несолена била чорбата, некој ќе мора да го плати цехот.
Кој ќе биде тоа?
Како дополнителен црн мотив во целата какофонија во државата ќе го спомнеме и фактот дека Кралот Фелипе Шести донесе одлука на 10 ноември да се одржат предвремени парламентарни избори во Шпанија.
Со тоа шансите Македонија да добие покана да стане членка на НАТО алијансата опаѓаат обратно пропорционално од бројот на појавувањата на Министерот Никола Димитров на некакви меѓународни самити и прес конференции со лицемерни насмевки како и изјави за медиуми во однос на тоталниот дебакл во реализацијата на оваа врвна цел на актуелната Влада на Зоран Заев.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот