БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СПЕЦИЈАЛНИОТ ЦИРКУС “КАТА И ФАТА” навистина бил СПЕЦИЈАЛЕН

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во светот постојат многу специјални работи.

За Македонците во последниве неколку години само една “специјална” работа се чини дека е важна.

Или така барем сакаат да изгледа, “инжинерите-конструктори” на целиот тој хартиен шатор под чии што плашт налегнал циркусот на “Ката и Фата”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овој специјален циркус со право го оправдува својот епитет на “специјалност”.

Секој еден детал во овој циркус е специјален. Почнувајќи од името Специјално…. преку специјалните брендирани чанти, сакоа , бунди, лимузини со затемнети стакла, штикли од кои прска жешкиот асфалт под нив, до специјалната пренагласена ароганција и специјалните вицови на јавната сцена како и од зад завесата на циркусот.

Па овие специјални реквизити станаа интересни не само за главниот кловн, та и заменик- кловновите изведуваа разни акробатски операции на јавна сцена присвојувајќи го епитетот на специјалност. Ваквата еуфорична специјалност стана предмет на интерес и на мајмуните под циркускиот шатор, за кои бананите станаа изживеана работа, па посакаа да мацнат и тие во лончето на специјалност.

Не само што некои од мајмуните, главниот кловн и заманик- кловновите биле специјализирани за носење скапи чанти од едно до друго место притоа правејки разноразни акробации од кои публиката сеуште е опиена, позначајно е тоа што циркусот не престанува да емитува шоу за публиката иако шаторот е затворен а главниот кловн е психофизички тешко болен легнат во кафез.

Притоа мајмуните се вратени во матичните чопори чекајки и надевајќи се на пакети со банани од затворениот циркуски шатор.

Ваквите придружни појави на овој циркус покажуваат дека тој е навистина специјален!

И замислете клучарот на циркуските кафези во кои е затворен главниот кловн, на публиката соопштува дека кловнот КАТА е многу болен и со крајни сили едвај напиша писмо со кое бара сите докази и аргументи поврзани со циркусот да се префрлат во комшискиот циркус кој има намера да го завземе монополит за ширење циркуски скечеви низ публиката.

Тоа е како серискиот убиец или докажан криминалец- бизнисмен од притвор да напише писмо со кое бара сите докази поврзани со убиството кое го извршил или фирмата која ја ограбил да се достават во комшискиот шатор.

А најстрашното од тоа е што на публиката преку циркуските протоѓери им се кажува дека се е ОК.

Како би реагирал секој нормален човек?

И најголемиот дел од обвинителската фела на сето тоа е рамнодушна како ништо да не се случило.

Божем така мора да биде…

Пишува: Дедо Ѓорѓија

Името на авторот на овој текст е познато на редакцијата

Претходно од истиот автор: :

https://bregalnicki.mk/golema-na-ava-za-zatvara-e-na-cirkusot-kata-i-fata/
https://bregalnicki.mk/katica-aneva-vo-koma-neizvesno-e-dali-e-se-izvleche-i-so-kakvi-posledici/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace