Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево и кандидат за Градоначалник на општина Делчево на претстојните локални избори Иван Гоцевски преку социјалните мрежи ја пренесе убавата вест: Стигна официјална потврда дека Д-р Адријана Илиевска Велковски е носител на листата на кандидати за советници во делчевскиот совет на изборите на 19 октомври
“Честитки за нашата докторка Адријана Илиевска Велковски која е предводник на најсилната кандидатска листа за советници во Советот на Општина Делчево.
Претстојниот изборен успех ќе биде за секој граѓанин на нашата општина.
Ни претстои многу работа со знаење, труд и визија.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски во својата лична честитка.
Д-р Адријана е позната и призната докторка чиј што досегашен работен век го има посветено на своите сограѓани во Здравниот дом во Делчево. Ова е нејзин прв висок политички ангажман во голема мера мотивиран од нејзината секојдневна комуникација со сите граѓани и влегува како апсолутен фаворит и избор на граѓаните во претстојниот изборен процес. Д-р Адријана ја предводи кандидатската листа на кандидати за советници во Делчево на која се застапени општествени дејци кои со себе носат многу знаење, експериза но и силен фокус за решавање на проблемите на сите граѓани на Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето