Откако започна да се стишува еуфоријата од доделувањето на овогодинешните 95-ти Оскари во Холивуд, Вил Смит со свое видео на инстаграм го објави она што многумина се сомневаа дека ќе се случи.
Во видеото возејки се во својот автомобил во кој свири музика од санундтракот на филмот “Лоши момци II” (Bad Boys II) Вил Смит рече “Би сакал да бида како вас, незнаејки го она што сега ќе ви го соопштам”.
Потоа од пред врата на куќа тој повторно се вклучи со видео, а кога вратата се отвори веќе беше јасно за што станува збор.
Мартин Лоренс и Вил Смит се двајцата полициски ортаци во филмскиот серијал Bad Boys а веќе 4 дел од овој успешен филмски серијал е во продукцска фаза.
Тимот е веќе составен и наскоро ќе започне снимањето.
Најновото продолжение од франшизата ќе биде режирано од Adil El Arbi и Bilall Fallah а во продукција на Jerry Bruckheimer, Smith за Westbrook, Doug Belgrad, и Chad Oman со извршни продуценти Martin Lawrence, James Lassiter, Mike Stenson, Barry Waldman, и Jon Mone.
Оваа најава доаѓа по едногодишна пауза од филмскиот свет на позначајните филмски настани на Вил Смит како резултат на минатогодишниот ицидент на церемонијата за доделување на Оскарите кога му здаде удар на водителот и комичар Крис Рок кој кажа шега на сметка на сопругата на Вил Смит- Џејда Пинкет Смит.
Третото продолжение на франшизата Bad Boys III доживеа голем успех не само поради самиот филм туку и порди пред пандемиското пуштање во филмски промет зза публиката која набргу потоа беше затворена во своите домови каде се бараше филм повеќе да се погледне. А хемијата која ја имаат Вил Смит и Мартин Лоренс на филмските екрани е забавна но и суштинска така што несомнено беше загарантиран успехот на овој филм во такви околности.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
🎭 Поддржете ги нашите 16 млади балетски уметници да заблескаат на Финалето на Youth American Grand Prix! ✨
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер