Во рамки на своите тековни работни активности вработените во ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица деновиве работат на поставување на фекална канализациона мрежа за жителите во населбата Суво Маало во Македонска Каменица.
Станува збор за обемни градежни активности за ископ, напавка и поставување на ПВЦ коругирани канализациони цевки, нивно поврзување во постојниот канализационен систем и домаќинства и планирање на теренот по завршување на процесот.
Со реализацијата на ваквите активности локалните власти во Македонска Каменица во континутет ги решаваат потребите и проблемите на граѓаните врз основа на воспоставениот план за работа но и во рамки на постојаната меѓусебна комуникација на градоначалникот Димче Атанасовски со граѓаните во сите населени места во општината.
“Изградба на нова линија од фекалната канализациона мрежа која ги решава проблемите на повеќе домаќинства во приградската населба Суво маало во Македонска Каменица.
Посветено и интензивно работиме на подобрување на квалитетот на живот на сите наши граѓани, ја подобруваме инфраструктурата и ја чуваме животната средина.”
-информираа од ЈП “Камена Река” Македонска Каменица за јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не е информирана и надлежна за проблематичниот погреб на делчевец а прашањата ги препратиле до ЈКП “Брегалница”
Иван Гоцевски: Кој дозволил телото на починат жител на Делчево да биде погребано надвор од христијанските гробишта?
Морбиден настан во Делчево: Покоен делчевчанец погребан надвор од христијанските гробишта на крајно примитивен начин