БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поврзувањето меѓу селата Долни Балван и Таринци покрај нов локален пат ќе биде и со нова велосипедско-пешачка патека

Пренеси го гласот

Жителите на општина Карбинци кои што секојдневно гравитираат на просторот момеѓу селата Таринци и Долни Балван добиваат нова сообраќајница како за моторен сообраќај така и за пешаци и велосипедисти.

Станува збор за реконструкција на постојниот локален пат на споменатата делниа покра кој ќе се гради пешачко-велосипедска патека која што е важна за самите граѓани.

Во тек е јавната набавка за реализацијата на проектот а се очекува почетокот на градежните работи за неколку месеци да стартува.

“Реконструкцијата на патниот правец Таринци – Долни Балван до кој ќе биде изградена и велосипедско пешачка патека конечно е на чекор до реализација.

Јавната набавка од денес е објавена и очекуваме во текот на летниот период да се започне и со реализација на овој проект.

Општина Карбинци во целост ги заврши своите обврски според критериумите на инвеститорот.

Средствата се обезбедени од светска банка со поддршка на Министерството за Транспорт и врски.

bregalnickimarketing

Ветувањата се реализираат. ✅

-информираше за јавноста градоначалниот на општина Карбинци Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот