Огромни огнени јазици се закануваат на Балабанско маало во село Нов Истевник. Пожарот кој што веќе четврт ден се шири кон различни правци од првичното жариште на планината Средна, сега еден фронт на пожарот навлегол длабоко во густите шумски делници во атарот на Балабанско маало во селото Нов Истевник.
На видеото кое го пренесуваме во продолжение се гледа огромна незапирлива сила на пожарен фронт кој се храни од густата борова шума.
Штетите по богатиот шумски фонд се огромни а веќе има информации од терен на опожарени недвижни ствари и имоти на граѓани.
На социјалните мрежи од повеќе доброволци кои се на терен за справување со пожарот, упатуваат постојани апели за помош, како со човечки ресурси така и со опрема и намирници за екипите на терен.
Секаква помош е добредојдена и во храна и во освежителни пијалоци!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца