БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Безидеен, некреативен и популистички буџет за следната година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со декларативните изјави од страна на владеачката СДСМ во Општина Кочани за природата на Општинскиот Буџет на локалната власт своја реакција во јавноста упатија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани.

“Безидеен, некреативен и популистички буџет за следната година

Почитувани медиуми, почитувани граѓани

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Помина една година како во нашата општина владее затвореност, мрак и нетранспатентност на Советот на општината.

Суштината на секое демократско општество е да се слушне гласот на народните избраници до граѓаните, а кај над владее спрега на инквизиција помеѓу градоначалникот и општинската администрација. Почитувани граѓани, општина Кочани не е приватна конфекција во која треба да постои тиранија. Овој буџет е последен во мандатот на градоначалникот и во него се гледа голем парадокс. Во него се планира да се потрошат најголем дел од парите на популистички мерки.

Дали ветувањата на СДСМ како што се класификацијата, старечкиот дом, грижата за животна средина, странските инвестиции и катната гаража остануваат предизборна манипулација? Што се однесува до проекциите, очигледно е дека претстојните локални избори се приоритет на власта, и притоа тие ги занемаруваат реалните потреби на граѓаните. Поентата на секој популизам е да прикажат огромни цифри, а притоа си оддалечен од реалноста.

На оваа владеачка гарнитура очигледно им фали креативност, имагинација и долгорочна стратегија.Тие треба да кажат едно големо Благодарам на нашите проекти од порано.

Исто така треба благодарам и на советничката група на ВМРО ДПМНЕ која досега беше моторот на реализираните проекти, но намерно целата политичка слава градоначалникот си ја припишува на себе.

Среќни Новогодишни празници ви посакува ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace