БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Она што граѓаните го чувствуваат на гладен стомак, се потврдува низ бројки: Разоткривање на најголемата лага “За живот” на Зоран Заев

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција со жестоки аргументи и бројки ја разоткри најголемата лага на актуелната власт предводена од Зоран Заев наречена “За живот во Македонија” со која што премиерот во заминување ги излажа граѓаните на Република Македонија во 2016 година да му ја дадат довербата на парламентарните избори.

Мицкоски ја започна својата аргументација преку ветениот раст на БДП од 5% кој на крајот од оваа година пресметано на крај од третиот квартал не е ни половина, односно не е ни 2.5%

-Падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната. Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот, соопшти Христијан Мицкоски.

Друг значаен параметер во кој се согледуваат севкупните економски состојби во државата е процентот на баланс на извозот и увозот на материјални стоики и производи. Тој процент на крај на 3-тиот квартал изнесува зголемување на разликата на увозот над извозот од 34%.

Низ повеќе други релевантни аргументи и споредбени анализи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски де-факто низ бројки го потврди она што граѓаните на Република Македонија секојдневно го осеќаат на гладен стомак, преживувајќи на работ на егзистенцијата со огромен број на сиромашни граѓани.

Погледнете ја во продолжение прес конференцијата која би можела да биде едно траорно сведоштво за состојбите во Македонија на крај на оваа 2019 година:

Креирано од:


Пренеси го гласот