Скоро секој ден одвојуваме време за кафе и разговор со пријателите. Но дали и реално разговараме и ги погледнуваме воопшто пријателите, или само немо седиме и сме опседнати со вирусот наречен социјални мрежи и технологија кој лека полека ни ги превзема и контролира животите.
Да, често и ние така постапуваме и се однесуваме како и сите во околината. Овој вирус на денешницата визуелно ви го претставува дизајнерката Гали Лукас. Нејзината порака и визија за нашите навики ја реализирала со помош на Каролин Хинц, скулпторка од Берлин.
Направено е дело од тројца луѓе кои седат на клупа и се комплетно внесени во своите мобилни телефони, и се ван реалноста која ги опкружува. Глетка која ја гледаме насекаде околу нас.
Оваа скулптура се наоѓа во Амстердам, и ја отсликува вистината на денешницата.
– „Не се обидувам да испратам конкретна порака за да го променам однесувањето на луѓето. Само се надевам дека тие објективно ќе размислуваат за белата светлина на технологијата и за нејзината улога во нашите животи. Повеќе е како набљудување и се надевам дека ќе ги натера луѓето да разговараат.“
– Изјавува Лукас.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината