БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општествена, медиумска и политичка Некрофилија во Македонија: Општи карактеристики и штетата која може да ја предизвикаат

Пренеси го гласот

Терминот “политичка некрофилија” не се однесува на луѓето кои што на еден или на друг начин пострадале, им е нанесена физичка или духовна болка или загубиле некого во животот…. нивната несреќа, тага, болка не смеат да бидат предмет на злоупотреба од страна на луѓе, медиуми, организации, фирми… доколку нечија тага вакви субјекти ја користат за креирање свој личен профит (дали материјален или во форма на општествено влијание и медиумска популарност) тогаш субјекти кои ја злоупотребуваат интивидуалната или колективната несреќа се општествени некрофили чие што постоење се базира и храни на злоупотребата на туѓа несреќа.

Медиумската експлоатација на детали поврзано со нечија лична трагедија за креирање на медиумски продукт преку кој газдите на тој медиум профитираат директен ќеш од публиката или внимание кое што го наплаќаат од свои спонзори за да возат бесни автомобили, бесни мотори, патувања итн. е најниско ниво медиумска некрофилија која што сериозно го подрива нивото на демократија чиј што носител првенствено треба да бидат медиумите. Медиумскаѕта некрофилија е практичен комплот на доза вистина, поголема доза на лаги кои формираат класична манипулација која кај обичните луѓе треба да внесе забуна, паника, измешани чувства на страв, тага, несигурност, паника….
Македонија реално и не е така искусна демократија за да ги идентификува во целост до крај ваквите појави на некрофилија кои што од 2014 година наваму прераснаа во монструозно чудовиште наречено политичка некрофилија.

Политички субјекти кои што медиумската некрофилија ја користат за катализирање на општествени процеси за остварување на политичка профит на избори за доаѓање на власт во државата се основниот стожер за постоење на подолните нивоа на медиумска и општествена некрофилија.

Овие три сегменти на некрофилија (политичка, медиумска и општествена) ставени во функција на меѓусебно хранење, надополнување и синхронизација на делувањето можат до државата на јавна сцена да предизвикаат хаос, анархија, физичко насилство, пролонгирана и долготрајна штета по демократските процеси и пад на стандардот на живот за сите граѓани, во интерес за политичка и финансиска профит на малкумина НЕКРОФИЛИ кои ги управувале и поттикнувале некрофилските процеси.
СДСМ во 2014 година злоупотребувајки ја смртта на младиот Мартин Нешковски, понатаму смртта на девојчето Тамара и редица на други некрофилски случаи (Смилковско езеро, Диво насеље…) успеаа да постигнат партиски политички успех со промена на власта во 2017 година по што следуваше најголемиот грабеж на Македонија по мраќната транзиција и приватизација на општествениот капитал во Македонија.

Тогашниот успех на тогашното раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев за доаѓање на власт преку политичка некрофилија, во недостиг на реален политички кредибилитет соочени со дебаклот на минатогодишните парламентиарни и претседателски избори денес може да го видиме, во моментот е единствено сретство за политичкко егзистирање кај актуелното раководство на СДСМ предводено од Венко Филипче.

Политички некрофили се сорта на луѓе кои што немаат ништо свето. Не познаваат семејни и духовни вредности, не им е важно дали чувствата на народот се повредени или потиснати.

Така на СДСМ не им е туѓо менување на име на држава, разграбување на општествен капитал за кој толку напорно работел народот на Македонија, не им е гајле дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, а за односот на функционерите на СДСМ за емоциите на народот кон Цар Самоуи, Св. Кирил и Методиј, Александар III Македонски… и да не зборуваме.

Леснината кај функционерите на СДСМ предводени од Венко Филипче за прибегнување кон инструментот “политичка некрофилија” преку користење на медиумската некрофилија на платени медиумски мегафони и стимулирана општествена некрофилија кај одредени погодени општествени групи и поединци е канцер на нашата кревка демократија кој што доколку не биде исечен во корен, може да метастазира во уште поголем хаос од тој што беше предизвикан од СДСМ преку т.н. Шарена Ремолуција.
Злоупотребата на туѓата мака и страдање преку медиумска некрофилија за правење медиумско шоу кое комерцијално си го наплаѓаат медиумските трабанти и кое служи на политиката и борбата за превласт помеѓу различните политички фактори во државата е подеднакво штетна појава во државата која треба да биде разобличена и осудена од секој еден граѓанин кој мисли добро на Македонија.

Кога општествените, медиумските и политичките некрофили, ќе бидат соочени со вистинската природа на нивното делување, тогаш овие групации се регрупираат, почнуваат да се претвараат во жртви, во беспомошни жртвени јагниња и туѓата несреќа си ја препишуваат на себеси започнувајки да практицираат АВТО-НЕКРОФИЛИЈА се со една цел за да докажат во јавност дека нивната некрофилија била оправдана.

Ништо добро нема да донесат политичката, медиумската, општествената некрофилија за подобрување на состојбата во државата а најмалку за семејствата на постраданите во пожарот во Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот